Медведев: Западот моментално ја тестира силата на Русија, воведени се околу 30.000 санкции

Медведев: Западот моментално ја тестира силата на Русија, воведени се околу 30.000 санкции

пред 3 часа

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека западните земји моментално ја тестираат силата на Русија, вклучително и од економска гледна точка, бидејќи против таа земја се воведени околу 30.000 санкции.

„Во суштина, силата на нашата земја се тестира. Тие ја тестираат нејзината сила во секоја смисла на зборот. Ова ја вклучува и економската, бидејќи бројот на санкции воведени против Руската Федерација е превисок“, рече Медведев на младинскиот образовен форум „Територија на значењето“ во Солнечногорск, Московска област, пренесува РИА Новости. Медведев оцени дека бројот на санкции што се воведени против Русија од почетокот на војната во Украина, што е специјална воена операција за Русија, е претеран, и додаде дека ниедна друга земја досега не видела такво нешто во историјата.

„Бројот на санкции воведени против Руската Федерација е застрашувачки, ниедна земја во светот, ниту во историјата, не видела толку голем број санкции, воведени се околу 30.000. Чувствуваме политички притисок од сите страни“, рече Медведев, пренесува Танјуг.

Според него, западните земји верувале дека можат да ја принудат Русија да се однесува според нивната волја, но не успеале во тоа. „Имало период кога очигледно мислеле дека можат да постигнат номинален договор со нас, но всушност можеле едноставно да нè потчинат на нивната волја. Па, мислам, пред сè, западните земји. Но, не успеаја. И доживуваат големо разочарување“, рече Медведев.

Тој додаде дека противниците секогаш се обидувале да ја дестабилизираат ситуацијата во Русија, бидејќи не им се допаѓа фактот што Русите не можат да се контролираат.

„Нашите противници отсекогаш се обидувале да ја поткопаат нашата земја, како и да се нарекува, патем. Руската империја, Советскиот Сојуз и денешната Руска Федерација. Тие не ја сакаат нашата земја. Таа е голема, силна, горда, самодоволна и невозможна за командување“, рече Медведев за време на форумот.

Тој оцени дека западните земји ја користат Украина како „овен за пробивање пречки“, со цел да се обидат да ја уништат Русија.

„Западните земји ги користат сите расположливи средства, а сега ја користат Украина како овен за да ја уништат Руската Федерација, и тоа не го кријат“, заклучи Медведев.

Текстот Медведев: Западот моментално ја тестира силата на Русија, воведени се околу 30.000 санкции е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top