Мерц: Катар инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор

Мерц: Катар инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор

пред 47 минути

Катар ќе инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор, вклучувајќи ги областите на вештачката интелигенција (ВИ), производството на полупроводници и авијацијата, објави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во Берлин.

На заедничката прес-конференција со емирот на Катар, Мерц истакна дека овие инвестиции ќе ги зајакнат двете земји, особено во областите на идните технологии, пренесува Дојче Веле (ДВ).

„Ги зајакнува двете наши земји, особено во областите на идните технологии, како што се вештачката интелигенција, полупроводниците и авијацијата“, рече Мерц.

Текстот Мерц: Катар инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top