Мецола: 1.000 дена брутална руска инвазија, 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби, ќе продолжиме да стоиме покрај Украина

Мецола: 1.000 дена брутална руска инвазија, 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби, ќе продолжиме да стоиме покрај Украина

пред 11 месеци

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговото обраќање во Европскиот парламент. Беше прикажано кратко видео за 1.000 дена војна. Мецола рече дека Зеленски и украинскиот народ биле инспирација за тие 1.000 дена од руската инвазија.

„Денес, одбележуваме 1.000 дена откога Русија ја почна својата брутална инвазија на Украина. 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби. 1.000 дена храброст, издржливост и нескротлив дух. Во текот на тие 1.000 дена народот на Украина и вие, претседателе Зеленски, му покажавте на светот како изгледа вистинската храброст.

Вие сте инспирација за сите што ја ценат слободата во светот. И 1.000 дена овој Европски парламент стоеше рамо до рамо со народот на Украина, обединет и непоколеблив. Ќе продолжиме да стоиме покрај Украина денес, утре и секој ден, колку што е потребно.

Ова е напад не само врз Украина туку и врз поредокот заснован на правила, напад врз нашите вредности и нашиот начин на живеење, мирот, демократијата и слободата. Тоа е она што е загрозено овде и ние ги знаеме жртвите што ги прави украинскиот народ не само за себе туку и за сите нас“, рече таа.

Текстот Мецола: 1.000 дена брутална руска инвазија, 1.000 дена терор, страдање и незамисливи загуби, ќе продолжиме да стоиме покрај Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top