Жителите во американските сојузни држави Њу Хемпшир и Масачусетс слушнале и почувствувале силен тресок, а официјалните лица работат на истрагата што точно се случило отако луѓето известиле дека слушнале нешто што звучело како експлозија и дека почувствувале голем потрес, а од друга страна, многу жители мислеле дека се работи за земјотрес, пренесува Гардијан.
Сепак, според официјален претставник на Националниот информативен центар за земјотреси, кој е дел од Американскиот геолошки завод, нема докази за сеизмичка активност во регионот на Нова Англија минатата недела.
Други жители се прашуваат дали гласниот звук што го слушнале и земјотресот што го почувствувале може да дојде од метеорит што паднал на земјата или од авион.
„Имаше еден вид силен тресок што ја потресе целата наша куќа“, изјави еден од жителите на Њу Хемпшир.
„Беше како звучен шок, беше многу чудно и затоа сите првично мислеа дека станува збор за експлозија“, кажал тој.
Меѓу првите кој го пријавил инцидентот беше началникот на противпожарната служба во Њу Хемпшир, Ден Мекдоналд, кој рече дека слушнал бучава и почувствувал мала вибрација.
Набргу потоа, неговата противпожарна служба доби бројни повици во врска со експлозијата.
Недостатокот на регистрирани земјотреси во таа област, од друга страна, не ја исклучува можноста за помал земјотрес, што е вообичаено во Њу Хемпшир, изјави геофизичарот Џесика Тарнер за американските медиуми.