Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека повлекува од пазарот 764.900 дози од вакцината против ковид 19, бидејќи едно од шишињата што е производ на компанијата според договорот „Рови“ е загадено со туѓо тело.
Дозите беа дистрибуирани во јануари во Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.
Во соопштението се наведува дека контаминацијата е откриена во едно шише и дека целата испорака е повлечена „превентивно“.
„Модерна“ изрази уверување дека контаминацијата не претставува ризик за другите шишиња во целата испорака.