Полицијата во Сан Франциско уапси 20-годишен маж откако беше фрлен молотов коктел кон домот на извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, при што беше запалена портата, јави „Ројтерс“.
Полициските службеници реагирале на повик во населбата Норт Бич во раните утрински часови во петокот.
Иако полицијата не го идентификува човекот ниту пак ја наведува куќата што била нападната, портпаролка на OpenAI – големата компанија за вештачка интелигенција зад ChatGPT – потврди дека инцидентот се случил во домот на Алтман.
Портпаролката доде и дека истиот човек „упатил закани и кон нашето седиште во Сан Франциско“.
„За среќа, никој не беше повреден,“ изјави таа. „Длабоко ја цениме брзата реакција на полицијата и поддршката од градот за да се обезбеди безбедноста на нашите вработени.“
Иако човекот избегал од местото пред да пристигне полицијата, околу еден час подоцна се појавил пред канцеларија на OpenAI и се заканил дека ќе „ја запали зградата“. Тогаш бил уапсен.
Алтман е милијардер и сопственик на повеќе имоти, но неговата главна резиденција е во Сан Франциско, каде што е основана и функционира OpenAI.
Фото:Депозитотос
Текстот Молотов коктел фрлен врз домот на Сем Алтман, шеф на OpenAI е превземен од МАКФАКС.





