Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е подготвена да ја прекине операцијата против Украина во секој момент доколку Киев ги прифати условите од Москва.
„На Украинците им беше кажано дека сето ова може да се заврши во секој момент“, рече Песков.
Како што истакна, Украина треба да го измени Уставот и да се откаже од барањето за приклучување кон кој било блок.
Песков посочи дека Киев треба да го признае Крим како руски, како и независноста на Народните републики Доњецк и Луганск.
„ Ние всушност ја завршуваме демилитаризацијата на Украина. Тие треба да го прекинат непријателството“, рече Песков.