На Германија и се заканува трет бран на епидемија од корона доколку сега се укине затворањето

пред 4 години

Се уште е рано да се укинат мерките за затворање на Германија  без да се ризикува третиот бран на инфекции со коронавирусот, предупредува Премиерот на германската сојузна држава Баварија, Маркус Зедер.

„Замислете: отвораме сè одеднаш , потоа во рок од две, три недели, ќе бидеме во можеби дури и полоша ситуација од порано“.

Зедер зборуваше пред претстојната виртуелна средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на 16 германски покраини, кои во среда треба да разговараат дали од 15 февруари треба да се олеснат рестриктивните мерки или да се продолжи заклучувањето  што беше воведено на средината на декeмври минатата година.

„Мислам дека, во основа, затворањето засега ќе мора да се продолжи “, изјави Зедер,пренесува Ројтерс.

Доколку сега се направи грешка, Зедер предупреди дека на Германија и се заканува третиот бран.

Од почетокот на пандемијата во Германија, според последните податоци, регистрирани се над 2,2 милиони случаи на коронавирус, додека повеќе од 62. 000 лица  починале како резултат на оваа инфекција.

Share
Scroll to Top