Четири лица се повредени, а еден маж почина во болница од повредите добиени за време на протестите во турскиот округ Первари по локалните избори.
Во Первари избувнаа протести откога кандидатот за градоначалник на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освои 52 отсто од гласовите, а кандидатот на опозициската партија ДЕВА – 40 отсто, пренесува „Ројтерс“.
Заменик-претседателот на ДЕВА, Мехмет Емин Екмен, убиениот го идентификува како брат на кандидатот на таа партија на изборите.
Текстот На протестите во Турција загина маж, четири лица повредени е превземен од МАКФАКС.