Напад во Сирија: Израел ја бомбардира Латакија, повредени цивили

Напад во Сирија: Израел ја бомбардира Латакија, повредени цивили

пред 2 години

Сириската армија соопшти дека двајца цивили се ранети во израелски напад што се случи рано утринава во крајбрежниот град Латакија, на 100-ина километри северно од либанската граница. Во нападот, покрај повредените, била оштетена и воена позиција.

Военото соопштение, кое го пренесоа државните медиуми, не содржи никакви дополнителни детали за нападот.

Израел често изведува напади врз воени цели во Сирија, особено оние поврзани со Иран и либанската милитантна група Хезболах.

Текстот Напад во Сирија: Израел ја бомбардира Латакија, повредени цивили е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top