Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина

Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина

пред 4 часа

Полски и сојузнички авиони полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на полската граница, соопштија вооружените сили на членката на НАТО.

„Парови борбени авиони за брза реакција и авион за рано предупредување беа подигнати во воздух, додека системите за воздушна одбрана и радарска контрола беа ставени на највисоко ниво на готовност“, соопшти Оперативната команда во објава на социјалната мрежа Икс, објави Ројтерс.

Во 05:00 часот по централноевропско време, речиси целата територија на Украина беше под воздушна тревога откако украинските воздухопловни сили предупредија за нови руски ракетни и беспилотни летала напади.

фото: принтскрин

Текстот Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top