Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

пред 11 часа

Европските земји членки на НАТО активно се подготвуваат за можна војна со Русија, изјави директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Русија, Сергеј Наришкин, на состанокот на Советот на раководителите на безбедносните агенции и специјалните служби на Заедницата на независните држави (ЗНД) во Самарканд.

„Секако ги гледаме нашите европски сојузници во НАТО како се подготвуваат за војна со нашата земја. Поставена е задача бргу да се обезбедат сите потребни ресурси на силите за одговор на НАТО назначени за оваа намена“, нагласи Наришкин.

Според него, западните сојузници го почнале процесот на експоненцијално зголемување на производството во рамките на европскиот воено-индустриски комплекс, како и редовни мобилизациски вежби. „Во исто време, на населението му се пере мозокот со пропаганда за неизбежна агресија од Москва“, додаде тој.

Заменик-шефот на руската делегација, Колесник, оцени дека НАТО „презема гигантски чекори кон третата светска војна предупредувајќи дека политиката на алијансата води кон директна конфронтација со Русија.

На состанокот во Самарканд се собраа лидерите на безбедносните структури на земјите од ЗНД, кои разговараа за актуелните глобални ризици, воено-политичката ситуација во Европа и за последиците од проширувањето на инфраструктурата на НАТО кон исток.

Фото: принтскрин

Текстот Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top