НАТО испраќа дополнителни капацитети во регионот на Црното Море

НАТО испраќа дополнителни капацитети во регионот на Црното Море

пред 4 часа

НАТО ќе испрати дополнителни капацитети во регионот на Црното Море, вклучувајќи средства за надзор, извидување и форензичка анализа, објави денес портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, по состанокот на амбасадорите во Северноатлантскиот совет (NAC), каде што беше дискутирана безбедносната ситуација во тој регион, пренесува Танјуг.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Харт изјави дека НАТО веќе го зајакнало своето присуство по должината на источниот дел, вклучувајќи ги и капацитетите за борба против беспилотни летала.

„Ќе продолжиме да дејствуваме како едно и да осигуриме дека сме подготвени и способни да одговориме на секоја закана и да заштитиме една милијарда наши граѓани“, рече Харт.

Текстот НАТО испраќа дополнителни капацитети во регионот на Црното Море е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top