Сојузниците на НАТО ќе и’ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на „Твитер“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
„Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг.
„Сојузниците на НАТО ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и со хуманитарна и финансиска помош“, додаде тој.