Научници пронајдоа ѕид од камената доба долг речиси километар, на 10-ина километри од германското крајбрежје на дното на Балтичкото Море, пишува „Гардијан“. Тие случајно го забележале ѕидот во Мекленбуршкиот Залив, благодарение на сонар.
Ѕидот, кој го нарекоа Blinkerwall, се состои од речиси 1.400 помали парчиња камен поврзани со приближно 300 камења, од кои многу од нив се премногу тешки за група луѓе да ги придвижи. Научниците веруваат дека ова е најстарата мегаструктура пронајдена досега во Европа.
Ѕидот сега е 21 метар под вода, но научниците веруваат дека областа некогаш била на копно во близина на езеро или мочуриште и била изградена од ловци собирачи пред околу 10.000 години.
Истражувачите не може да ја докажат целта на ѕидот, но веруваат дека тоа послужило да ги збуни животните, особено елените, кои би го следеле ѕидот и не би го прескокнале. Ако ѕидот водел до езерото, тогаш ловците на тој начин создавале ќор-сокак, каде што можеле да го насочат својот плен. Научниците веруваат дека вториот ѕид е закопан под седиментот.
Џејкоб Гирсен од Институтот за истражување на Балтичкото Море во Лајбниц е дел од тимот на научници што го открија ѕидот. Тој планира да се врати на археолошкиот локалитет за да реконструира како изгледало местото во камената доба. Тој се надева дека ќе најде животински коски и некои древни артефакти, како што се проектили, кои се користат во ловот, кои може да бидат закопани околу ѕидот.
Текстот Научниците открија километарски ѕид во Балтичкото Море, потекнува од камената доба е превземен од МАКФАКС.