Најбогатите во САД не плаќаат речиси никаков данок

пред 3 години

Информации кои откриваат колку малку данок на доход плаќаат американските милијардери протекоа на веб-страницата ПроПублика.

Веб-страницата наведува дека ги видела даночните пријави на некои од најбогатите луѓе во светот, вклучувајќи ги Џеф Безос, Илон Маск и Ворен Бафет. Како што се наведува, Безос, сопственикот на „Амазон“, не платил данок во 2007 и 2011 година, додека Маск, сопственикот на „Тесла“, не платил ништо во 2018 година.

Портпаролката на Белата куќа го нарече протекувањето на информациите „незаконско“, а ФБИ и даночните власти истражуваат.

ПроПублика соопшти дека го анализира она што го нарече „огромна група податоци за службата за внатрешни приходи“ за даноците на милијардерите и ќе објави други детали во текот на следните недели.

Протекувањето на овие информации се јавува во време на растечка дебата за износот на данокот платен од богатите и проширување на нееднаквоста.

ПроПублика наведува дека најбогатите 25 Американци плаќаат помал данок или во просек 15,8% од прилагодениот бруто приход, за разлика од повеќето мејнстрим работници во САД.

„ Бевме мошне зачудени од тоа дека можете да го намалите [данокот] на нула ако сте мултимилионер. Ултра богатите луѓе можат да го заобиколат системот на целосно легален начин“ изјави Џес Ајзангер, уредник во ПроПублика.

Share
Scroll to Top