Во Хрватска се евидентирани 2.890 новозаболени со коронавирус, а 34 лица починаа, јавуваат хрватските медиуми. Бројот на активни случаи е 15.567.
На респиратор има 135 пациенти.
Во Хрватска вчера беа регистрирани 2.848 нови случаи на коронавирус.
Од 25 февруари 2020 година, кога е потврден првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 62.305 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 717 починале, а 46.021 оздравеле, од кои 2.645 во последните 24 часа.
Во моментов има 33.467 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 541.605 лица, од кои 9.317 во последните 24 часа.