Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

пред 2 години

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата.

Премиерката на Западен Бенгал Мамата Банерџи изјави дека лекарите и спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, пренесува Ројтерс.

Според неа, возот „Канчанџунга експрес“, кој ги поврзува североисточните држави Асам и Трипура со Западен Бенгал, бил удрен од товарен воз.

Текстот Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top