Најмалку 42 загинати во новите израелски напади на Газа, срушени се три згради

пред 3 години

Во израелски воздушни напади врз градот Газа урнати се три згради и убиени најмалку 42 лица, соопштија денес палестинските здравствени власти, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навестува дека борбите меѓу Израел и Палестинците во Газа ќе продолжат и покрај меѓународните напори да се постигне прекин на огнот.

Во телевизиско обраќање, Нетанјаху рече дека нападите продолжуваат со полна сила и дека ќе биде потребно време.
Израел, како што посочи тој, сака да наплати висока цена од милитантната управа на Газа од движењето Хамас, пренесува АП.

Претходно, израелската служба за итни случаи на „Твитер“ објави дека се забележани директни удари на ракети истрелани од Газа во Лачиш и Негев.

„Во последните неколку минути, голем број ракети беа испукани кон областите Лачиш и Негев. Пристигнуваат извештаи за директни удари. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на луѓето кои се во шок откако биле повредени на пат до нивните засолништа“, велат од брзата помош.

Од ескалацијата на судирите во понеделникот, најмалку 148 лица, од кои 41 дете, се убиени во Газа. Израел пријави десет смртни случаи, од кои две деца.

Share
Scroll to Top