Нетанјаху: Доаѓам во Њујорк за да ги бранам постапките на израелските војници

Нетанјаху: Доаѓам во Њујорк за да ги бранам постапките на израелските војници

пред 2 часа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде, како што изјави, ќе ги брани постапките на израелските војници и ќе одговори на ставовите на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.

Нетанјаху му се обрати директно на Мамдани во видео порака објавена на социјалната мрежа Икс.

„Срам да ви е, господине Мамдани. Срам да ви е што ги поддржувате терористичките чудовишта Хамас, кои го колат нашиот народ. Срам да ви е што поттикнувате насилство врз Евреите од Њујорк“, рече Нетанјаху.

Мамдани се спротивставува на израелските воени операции во Газа и постојано го нарекува Нетанјаху воен злосторник. Тој исто така изјави дека ако дојде во Њујорк, ќе биде уапсен врз основа на потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд.

Претходно, Нетанјаху го најави своето пристигнување во Њујорк за седницата на Генералното собрание на ОН, каде што ќе зборува за војната во Газа и обвинувањата против Израел.

Генералната дебата во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, на која ќе учествуваат речиси 130 светски лидери, започнува денес во Њујорк.

Во текот на следните седум дена, претставниците на државите ќе ги искажат своите ставови за клучните меѓународни прашања, во време кога конфликтите на Блискиот Исток и Украина се во центарот на вниманието, како и прашањата поврзани со вештачката интелигенција и иднината на Обединетите нации.

Текстот Нетанјаху: Доаѓам во Њујорк за да ги бранам постапките на израелските војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top