Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

пред 2 недели

Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе „застане сам“ ако мора, откако САД се заканија дека ќе престанат да испраќаат оружје до својот сојузник, пишува „Скај Њуз“.

„Ќе се бориме со нокти ако треба, но имаме многу повеќе од нокти“, рече Нетанјаху, а потоа додаде:

„И со таа сила на духот, со Божја помош, заедно ќе победиме“.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку го нападне Рафа на југот на Газа.

Ројтерс ги пренесе изјавите на палестинските сведоци кои рекоа дека израелски тенкови и воени авиони го бомбардирале Рафа. Хамас исто така потврди дека неговите борци истрелале противтенковски ракети и минофрлачи врз израелските тенкови.

Инаку, Израел тврди дека борците на Хамас се кријат во Рафа, град во кој стотици илјади луѓе побарале засолниште од бомбардирањето што се случува на палестинската територија.

Текстот Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top