Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја прими наградата за мир во Израел, највисокото цивилно одликување во земјата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„За речиси 80 години, никогаш не сме ја доделиле на некој што не е Израелец. А оваа година ќе му ја доделиме на претседателот Трамп“, рече Нетанјаху.
Тој додаде дека Трамп ја добива наградата „за неговиот огромен придонес кон Израел и еврејскиот народ“.
Трамп рече дека веста за наградата е „навистина изненадувачка и многу ценета“.
Трамп вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида за да разговара за застојот околу прекинот на огнот во Газа и загриженоста на Израел за Иран и либанската група Хезболах.
Во разговор со новинарите, Трамп ја задржа својата цврста поддршка за Нетанјаху, дури и кога некои советници и сојузници сугерираа дека израелскиот лидер бавно ги спроведува елементите од договорот за прекин на огнот потпишан во октомври.
Трамп рече дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху решиле три тешки прашања за Газа за пет минути.
Текстот Нетанјаху: Ќе му ја доделиме на Трамп нашата највисока награда, досега ја добиваа само Израелците е превземен од МАКФАКС.






