Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Јадранско Море околу 18:50 часот.
Епицентарот бил на 120 километри северно од Сплит.
За потсетување, и вчера беше почувствуван силен земјотрес. Јачината на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала, соопштија сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска, а епицентарот бил на 60 километри јужно од Вис.
Јадранската област се тресеше и за време на викендот. Во саботата, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа два земјотреса во морето јужно од Вис.