Нов силен земјотре утрово во Босна и Херцеговина, се тресел цел хотел

пред 3 години

Нов силен земјотрес утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 6 часот и 27 минути, а бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на 41 километар југоисточно од Мостар и 14 километри источно од Столац.

Како што јави репортерот на „24 часа“ од Мостар, цел хотел се тресел цели 15 секунди.

„ Ме фрли на креветот, не можев да станам. Беше навистина страшно“ изјави репортерот.

Share
Scroll to Top