Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

пред 2 часа

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил нов закон за домување, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на парламентарната прес-служба.

Постапката е покрената по приговор на опозициската Народна партија (ПП), која тврди дека Санчез ги искористил владините простории и ресурси за испраќање предизборни пораки.

Изборната комисија побарала спорните изјави да бидат отстранети од официјалните владини канали и му наложила на премиерот да се воздржи од слични настапи за време на изборната кампања.

Постапката следува во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 29 ноември, кои Санчез ги распиша откако неговите предлози за домување не добија поддршка во парламентот.

Ова не е првпат шпанскиот премиер да биде санкциониран од Изборната комисија. Во јануари 2020 година бил казнет со 500 евра поради телевизиско интервју објавено на владината веб-страница, додека во октомври 2023 година добил казна од 2.200 евра поради истакнување на владините достигнувања и критикување на политичките противници за време на предизборната кампања.

Текстот Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top