Нови ракетни напади врз Киев и Одеса: најмалку 18 повредени, меѓу нив и деца

Нови ракетни напади врз Киев и Одеса: најмалку 18 повредени, меѓу нив и деца

пред 3 часа

Дванаесет лица, меѓу кои две деца на возраст од 10 и 12 години, се повредени во синоќешниот ракетен напад врз Киев, објавија градските власти.

Според градската воена администрација на Киев, меѓу повредените е и 10-годишно девојче, а сите тие ја добиле потребната медицинска помош, објави „Укринформ“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно објави дека до 4:03 часот има шест повредени, од кои пет се хоспитализирани, додека воената администрација на Киев пријави 10 повредени.

До 4:30 часот, бројот на повредени се зголеми на 12, а девет лица се задржани во болници.

Деловни и станбени згради во два дела од градот беа оштетени во нападот.

„Укринформ“ наведува дека и Одеса била нападната во текот на ноќта, каде што, според претходните информации, загинале најмалку три лица.

Шест лица, меѓу кои и две деца, се повредени во нападот во Одеса
Шест лица, меѓу кои и две деца, се повредени во ноќниот напад врз Одеса, Украина, објави денес началникот на воената администрација на Одеса, Сергеј Лисак.

„Како резултат на ноќниот напад врз Одеса, оштетени се куќи и помошни згради, а меѓу шесте повредени се две деца“, рече Лисак во објава на Телеграм, пренесува „Укринформ“.

Како што додаде, како резултат на ноќниот напад на руските сили во Одеса, оштетена е 19-катна станбена зграда.

„Во друг дел од градот, уништена е приватна станбена зграда. Оштетена е уште една. Оштетени се и помошни згради“, рече тој, велејќи дека е евидентирана и штета на инфраструктурата.

Според него, на терен се работи на отстранување на последиците од нападот, пренесува Танјуг.

Текстот Нови ракетни напади врз Киев и Одеса: најмалку 18 повредени, меѓу нив и деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top