(Од час во час) Експлозија во близина на ТВ кулата во Херсон. Британски генерал: Западот мора да се подготви за војна

пред 3 години

Шеесет и четврти ден од војната во Украина

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Најжестоките битки се водат во Мариупол околу железарницата „Азовстал“. ОН се подготвуваат да ги евакуираат цивилите од железарницата.

Клучни податоци:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во Киев, ќе се сретне со Зеленски. Тој, исто така, ќе ги посети Буча и Ирпин, предградие на Киев, каде што Украинците велат дека Русите извршиле воени злосторства над цивилите.

Експлозија во близина на ТВ кула во окупираниот украински град Херсон. Русите тврдат дека Украинците истрелале три ракети кон градот.

Путин се закани со брза одмазда на сите вклучени во конфликтот во Украина

САД и околу 40 сојузнички земји од Германија соопштија дека испраќаат тешко оружје во Украина

Од час во час:

09:30 Поранешен командант на НАТО: Западот мора да се подготви за војна

Се пoбројни се реакциите на вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трус која порача дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, пренесуваат агенциите во светот.

09:00 Русија ја предупреди Јапонија: Ќе има одмазнички мерки ако поморските вежби со САД се прошират до границите на Русија

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со одмазднички мерки доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират во близина на источните граници на Русија, пишува Си-Ен-Ен.

08:15 Силна експлозија во Херсон

Силна експлозија одекна во центарот на окупираниот украински град Херсон. Според странските медиуми, експлозијата се случила во близина на голема ТВ кула.

08:05 Путин се заканува со одмазда

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на молскавична одмазда доколку другите земји се вмешаат во конфликтот во Украина, додека европските лидери ја обвинија Русија за уцена поради нејзината одлука да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија.

Share
Scroll to Top