Одбиена жалбата на Асанж за одлуката за екстрадиција во САД

пред 3 години

Британскиот Врховен суд денеска одби да ја разгледа жалбата од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, против одлуката со која може да биде екстрадиран во САД, каде што треба да се соочи со обвинение за шпионажа. Судот „ја отфрли жалбата со образложение дека не е законски основана“, рече портпаролот.

Владата на САД сака на 50-годишниот Австралиец да му се суди по 18 точки поврзани со објавувањето на серија тајни американски воени податоци и дипломатски телеграми од страна на Викиликс, тврдејќи дека тоа ги загрозило животите на многумина. Оваа одлука ги исцрпува правните можности на Асанж во Ообединетото Кралство да избегне судење во САД за серија обвиненија поврзани со објавување тајни документи пред повеќе од една деценија.

Неговиот случај сега ќе биде вратен на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател. Асанж се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш од 2019 година, кога беше уапсен поради кршење на условното ослободување во посебен правен случај. Пред тоа, тој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Share
Scroll to Top