Најмалку 109 Палестинци беа убиени, а 296 ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до среда попладне, вклучително и жени и деца што беа убиени во нападите на станбени куќи во Рафа, соопшти канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања (УНОЧА) врз основа на податоците добиени од Министерството за здравство во Газа контролирано од Хамас.
УНОЧА соопшти дека 32 лица биле убиени во шест израелски напади врз Рафа, меѓу кои 11 деца и осум жени.
Девет лица, меѓу кои четири деца и две жени, загинаа во израелски напад врз бегалски камп југоисточно од Рафа.
Девет лица загинаа во нападот во источна Рафа, меѓу кои четири деца и три жени.
Две деца и две жени загинаа кога беше погодена нивната куќа во источниот дел на Раф.
Пет лица, меѓу кои една жена и едно дете, загинаа во израелски напад врз куќа во западна Рафа.
Според УНОЧА, во два одделни напада на истокот и западот на Рафа загинаа уште пет лица, пренесе „Ал џезира“.
Текстот ОН: 109 Палестинци убиени, 296 ранети во Појасот Газа од понеделник до среда е превземен од МАКФАКС.






