Данка била жива кога ја удриле со автомобилот, потоа ја задавиле: Едниот го призна убиството, другиот молчеше

Осомничениот признал дека татко му и братот му помогнале да го скрие телото

пред 1 година

Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар признал дека ја задавил Данка Илиќ, дознава Блиц.

Според информации на Блиц, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ траело над 2 часа. Тој му открил и на обвинителството дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата. Рекол дека татко му и брат му му помогнале да се ослободи од телото, вели извор на Блиц запознаен со случајот.

Во меѓувреме, таткото и братот на Драгиејвиќ се приведени. Вториот осомничен, Срѓан Јанковиќ се брани со молчење иако наводно два или три дена по убиството на девојчето дознал дека телото е преместено.

Текстот Осомничениот признал дека татко му и братот му помогнале да го скрие телото е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top