Малата Емили го прослави својот деветти роденден во рацете на Хамас, татко ѝ не губи надеж: „Ќе славиме кога ќе се врати дома“

Остануваат само мали пречки за договорот за заложници меѓу Израел и Хамас, вели катарскиот премиер

пред 11 месеци

Остануваат за решавање само мали разлики меѓу Хамас и Израел пред да се постигне договор за заложниците, рече премиерот на Катар, а изјавата му ја пренесоа многу медиуми во светот.

Катар беше во центарот на напорите за посредување за постигнување договор што ќе доведе до ослободување на голем број заложници, почнувајќи од децата и жените. Би била договорена хуманитарна пауза во траење од пет дена за да се овозможи транспорт на заложниците, пишува британски „Гардијан“.

Шеикот Мохамед Бин Абдулрахман Ал Тани, на заедничката прес-конференција во Доха со Јосеп Борел, шефот за надворешни работи на ЕУ, рече: „Предизвиците со кои се соочува договорот се само практични и логистички. Има добар напредок во изминатите неколку дена“.

„Договорот поминува низ подеми и падови од време на време во текот на последните неколку недели“, рече тој. „Но, мислам дека знаете дека сега сум посигурен дека сме доволно блиску за да постигнеме договор што може да ги врати луѓето безбедно во нивниот дом“.

Заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер, додаде дека некој вид договор е блиску, велејќи дека договорот за ослободување „значително повеќе од 12“ заложници најверојатно ќе вклучи и продолжена пауза во борбите и ќе дозволи дистрибуција на хуманитарна помош во Газа.

Ослободувањето на заложниците ќе биде првиот чекор за деескалација откако Хамас започна крвав напад врз Израел на 7 октомври, при што зароби повеќе од 200 заложници и ги одведе во Газа. Досега се ослободени само четворица заложници и тоа во две транши.

Се смета дека 239 лица од 26 различни земји сè уште се притворени, вклучително и некои двојни државјани.

Хамас тврди дека околу 30 заложници биле убиени од израелското бомбардирање на Газа, но не постои независна потврда за тоа и тврдењето можеби било изнесено за да се одврати Израел да продолжи со својот напад.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознаени со договорот, објави дека Израел, САД и милитантите на Хамас постигнале пробен договор за ослободување на десетици жени и деца држени како заложници во Газа во замена за петдневна пауза во борбите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека не е постигнат договор. Сепак, тој е под конфликтни домашни притисоци да се фокусира на заложниците додека ја завршува елиминацијата на Хамас како воена сила способна повторно да го нападне Израел.

Текстот Остануваат само мали пречки за договорот за заложници меѓу Израел и Хамас, вели катарскиот премиер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top