Падна кров на училиште во Лондон, повредени повеќе деца

пред 4 години

Неколку деца се повредени денеска откако се урнал таванот на вториот кат од основното училиште во Далвиќ во Лондон, соопшти лондонската противпожарна служба.

Околу 20 пожарникари биле повикани на местото на настанот утрово во 9:22 часот, соопшти лондонската противпожарна служба.

Повредените деца се префрлени во болница, пишуваат британските медиуми.

Share
Scroll to Top