Папата во Луксембург: Помогнете им на земјите во развој и имајте повеќе деца

Папата во Луксембург: Помогнете им на земјите во развој и имајте повеќе деца

пред 4 недели

Папата Франциско денеска ги повика лидерите на Луксембург, мала нација со развиена економија и најголем број милионери во светот, да им помогнат на земјите во развој.

Папата, кој е во еднодневна посета на земјата, рече дека зголемувањето на помошта може да помогне да се ограничи протокот на бегалци и мигранти во Европа.

„Да не заборавиме дека поседувањето богатство повлекува одговорност“, рече папата на собирот на политички и цивилни претставници во палатата „Серкл сите“.

„Повикувам на постојана будност за да им се помогне на најсиромашните нации да излезат од сиромаштијата“, додаде тој.

Папата истакна дека Луксембург „е пример за тоа како мигрантите и бегалците треба да бидат примени и интегрирани“. Речиси половина од 654.000 жители на Луксембург се странци, пред сè, од Франција, Белгија и Германија.

Папата исто така ги повика Луксембуржаните да имаат повеќе деца со оглед на нивната ниска стапка на наталитет.

Текстот Папата во Луксембург: Помогнете им на земјите во развој и имајте повеќе деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top