Папата Франциско повика на сериозен меѓународен дијалог за решавање на тензиите меѓу Русија и Украина и ги повика двете страни да избегнуваат вооружени конфликти.
Ова е првиот коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина, наведува Ројтерс.
„Оружјето не е начин. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина“, рече папата во неделното обраќање до илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар во Рим.