Папата Франциск доживеал „две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција“, соопшти Ватикан, што ја означи последната од серијата медицински кризи што ги преживеа 88-годишниот понтиф откако беше хоспитализиран минатиот месец.
Денешните епизоди биле предизвикани од „значителна акумулација на ендобронхијална слуз“ и последователно стеснување на дишните патишта, соопшти Ватикан.
Претходно истиот ден, на папата му беа извршени две бронхоскопии и лекарите отстранија акумулација на секрет.
Во попладневните часови, на Франциск му била дадена маска за кислород за да му помогне во дишењето, соопшти Ватикан.
Во текот на целиот период, понтифот останал буден и соработувал, соопшти Ватикан.
Текстот Папата Франциск имал две епизоди на „акутна респираторна слабост“ е превземен од МАКФАКС.






