Папата Франциско ја опиша војната како лудило

Папата Франциско ја опиша војната како лудило

пред 1 година

Папата Франциско ја опиша војната како лудило и го повтори својот апел за мир во Украина и Газа и другите области во светот погодени од конфликти.

„Да не заборавиме на народите што војуваат. Војната е лудост, војната е секогаш пораз“, рече папата за време на генералната аудиенција во Ватикан, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Тој ги повика верниците да се молат „за луѓето во Палестина, Израел, Украина и на многу други места каде што има војна“.

Текстот Папата Франциско ја опиша војната како лудило е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top