Пентагон тврди: Русија досега ги ангажирала речиси сите сили

пред 3 години

Американското Министерство за одбрана даде нова оценка за ситуацијата во Украина и велат дека Русија досега ги ангажирала речиси сите сили што ги собрала за инвазија на Украина.

Според Гардијан, веќе се ангажирани 127 тактички групи. Беа лансирани повеќе од 625 проектили, главно ракети земја-воздух со краток и среден дострел и крстаречки ракети.

Тие наведуваат дека сè уште нема знаци на белоруски војници внатре во Украина или знаци дека тие се на влезната точка.

– Во меѓувреме, Русија се обидува да регрутира странски борци, особено Сиријци, за да учествуваат во војната во Украина. Сепак, нема докази дека сириските борци навистина пристигнале во Украина. Генерално, офанзивата на Киев се уште е во застој – велат од Пентагон.

Не гледаме голем напредок, рече високиот функционер, припишувајќи го на комбинација од жесток украински отпор и внатрешни предизвици во руските сили.

Сепак, тој предупреди дека руските трупи напредуваат на југ, а Владимир Путин сепак има многу поголема борбена моќ на располагање.

Share
Scroll to Top