Песков: Нема шанси Путин да заврши на суд

пред 3 години

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков во интервју за „Sky News“ негирал дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, на што новинарот Марк Остин го прашал дали Русија ќе соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина, пишувааат медиумите.

Песков одговорил дека Русија не го поддржува и не го признава Меѓународниот кривичен суд, додавајќи дека „Русија не е единствената земја во светот што го прави тоа“.

„Ние сме заинтересирани за навистина независна и објективна истрага за сите злосторства“, кажал Песков, додавајќи дека Русија сака да знае каков ќе биде форматот на таквата истрага бидејќи како што изјавил „имаат горчливо искуство со меѓународните истраги“.

Новинарот потоа го прашал дали Владимир Путин е загрижен дека може да заврши на суд.

„Не, не е. Не гледаме никакви шанси тоа да се случи“, кажал Песков.