Песков: Одговорот на Русија на нападите на Украина ќе биде системски

Песков: Одговорот на Русија на нападите на Украина ќе биде системски

пред 8 часа

Одговорот на Русија на нападите на украинските вооружени сили ќе биде системски како и досега, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој потсети на изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека одговорот на украинските напади ќе биде системски, објави ТАСС.

„Всушност, тие веќе се“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан како Русија планира да одговори на нападот на Украина врз Санкт Петербург пред Меѓународниот економски форум во тој град.

Во текот на ноќта, Украина го нападна најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море, во Санкт Петербург, како и воен објект во рускиот регион Тамбов, објавија руските медиуми.

Според локалниот весник „Бумага“, експлозиите се слушнале во областите Адмиралитет, Василеостровски, Приморски и Красноселски во Санкт Петербург.

Во областа Киров, нападот предизвика пожар на нафтениот терминал во Санкт Петербург, најголемиот руски комплекс за претовар на нафта на Балтикот, објави „Москва денес“.

Има капацитет на проток од 12,5 милиони тони годишно и вклучува 21 резервоар за складирање на нафтени производи.

Градот Мичуринск во рускиот регион Тамбов беше нападнат и во текот на изминатата ноќ, кога беа оштетени станбена зграда, библиотека и уметничко училиште, како и помошни згради на индустриско претпријатие.

Текстот Песков: Одговорот на Русија на нападите на Украина ќе биде системски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top