По Бил Клинтон и Тони Блер добива статуа во Косово

По Бил Клинтон и Тони Блер добива статуа во Косово

пред 7 месеци

Статуа на пораншниот британски премиер, Тони Блер, во природна големина ќе биде поставена во Косово.

Статуаата е изработена од косовскиот скулптор Агон Ќоса, кој како и другите етнички Албанци од Косово верува дека тој одиграл водечка улога за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, пишува „Индекс“.

Дваесет и пет години подоцна, Ќоса ја комплетира глинената статуа на Блер во природна големина, која подоцна ќе биде излеана во бронза и поставена на 12 јуни во Урошевац на булеварот што ќе го носи неговото име. Датумот е симболичен и го означува крајот на војната во Косово во 1998-1999 година, се додава.

„Решив да имам статуа на Блер во нашиот град и сакав да го претставам среќен“, изјави претходно Ќоса, додека работеше на статуата на која Блер е прикажан во костум и насмеан.

Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од 10 лица на Косово имаат имиња како Тониблер, Тони или Блер, напишани според локалниот изговор.

Кога Тониблер Гаши се родил две години по завршувањето на војната, неговиот татко не се сомневал да го именува своето првороденче по Блер.

Гаши, кој сега има 22 години, имал девет години кога во Приштина го запознал поранешниот премиер.

„Како да сум сретнал пророк за нашиот народ… тој ми ја подаде раката, а јас тогаш се чувствував одлично“, раскажува тој.

Покрај поранешниот британски премиер, својата статуа во Приштина, главниот град на Косово, ја доби и Бил Клинтон, кој беше американски претседател во времето на бомбардирањето на НАТО.

Блер е повикан да присуствува на настанот, но засега не одговорил дали ќе допатува.

Текстот По Бил Клинтон и Тони Блер добива статуа во Косово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top