По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

пред 9 часа

Десет години по исчезнувањето на Андреас Л. и Максимилијан Б. од австрискиот регион Милфиртел, чешките власти пронашле потопен автомобил со човечки остатоци во езерото Липно, кои најверојатно им припаѓаат на нив.

Возилото, сив „цитроен“, било откриено случајно од војници во близина на пристаниште. Полицијата потврди дека се работи за автомобил што се бара веќе една деценија, а остатоците се испратени на ДНК анализа.

Двојцата пријатели исчезнале во септември 2015 година, кога тргнале кон чешкиот град Виши Брод. Иако истрагата тогаш беше обемна, нивната судбина остана непозната – сè до ова откритие што, според полицијата, најверојатно ја затвора мистеријата.

Текстот По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top