Пожар во зграда во рускиот град Краснодар, има загинати и повредени

пред 3 години

Еден човек загина, а двајца се повредени во пожар во станбена зграда во рускиот град Краснодар.

Како што објави градоначалникот Евгениј Первишов, според првичните податоци, причина за пожарот е експлозија на гас што се случила во текот на ноќта, пренесува ТАСС.

Според податоците на регионалната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации, пожарот што гореше на површина од 50 метри квадратни е изгаснат рано утрово.

Беше прецизирано дека во зградата имало 53 лица, меѓу кои и десет деца, и сите се преместени во хотел каде им е обезбедено привремено сместување, додека надлежните служби спроведуваат истрага на лице место за точните причини и проценка на штетата во овој инцидент.

Share
Scroll to Top