Познат инфлуенсер најден мртов: полицијата го нашла неговото тело закопано во дворот на соседот

Познат инфлуенсер најден мртов: полицијата го нашла неговото тело закопано во дворот на соседот

пред 12 месеци

Инфлуенсерот Карлос Хенрике Медеирос (26), кој исчезна ноќта на 25 декември, е пронајден мртов во саботата, закопан во дворот на соседите, во пошироката област на Сао Пауло, Бразил.

Двојката што живее во резиденцијата каде што е пронајден инфлуенсерот е приведена на барање на полицијата поради сомнеж дека е вмешана во смртта на Карлос. Човекот е пријател од детството на инфлуенсерот.

Според веб-страницата „Метрополис“, парот во неделата отишол на суд, каде што изјавиле дека Медеирос, по користењето дрога, добил срцев удар и починал додека имал интимни односи со девојка.

„Двојката рече дека нивниот пријател се предозирал со кокаин и умрел. Тогаш не знаеле што да прават и решиле да го закопаат телото во дворот“, рекол шефот на полицијата, Луис Роберто Фарија Хелмајстер.

Според истрагата, на телото на инфлуенсерот првично немало траги на насилство, прободување или пукање. Полицијата ги чека резултатите од извештаите, кои би можеле да ја откријат причината за смртта.

Карлос беше познат како Хенрике Медеирос на социјалните мрежи и снимал хумористични содржини. Неговиот канал на „Јутјуб“ има речиси 1,8 милион претплатници.

Неговиот „Инстаграм“ има повеќе од 84 илјади следбеници, а на својот профил споделувал и лични фотографии и видеа, покрај содржината што ја креирал за „Јутјуб“.

Текстот Познат инфлуенсер најден мртов: полицијата го нашла неговото тело закопано во дворот на соседот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top