Полиција во станот на хрватски министер

пред 4 години

Хрватската полиција утрово почнала да го претресува станот на министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Дарко Хорват, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Според првите информации го поврзуваат со злоупотреба на положбата и овластувањата.

Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, станува збор за акција на полицијата, а освен Хорват, на удар на истражителите е уште еден актуелен и еден поранешен министер на ХДЗ.

Share
Scroll to Top