Полска и Германија потпишаа одбранбен договор

Полска и Германија потпишаа одбранбен договор

пред 2 часа

Полска и Германија потпишаа билатерален одбранбен договор со кој ја прошируваат соработката во областа на безбедноста, во услови на зголемена загриженост поради руската закана.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш изјави дека договорот отвора нови можности за соработка во сајбер-безбедноста, заедничкото командување на Балтикот, развојот на нови технологии и воената мобилност.

Според него, договорот ќе придонесе и за подобрување на инфраструктурата потребна за побрзо движење на воените сили меѓу двете земји.

Полска претходно потпиша одбранбени договори и со Франција и Велика Британија, а работи и на сличен договор со Италија.

Документот беше потпишан на 35-годишнината од полско-германскиот Договор за добрососедство и пријателска соработка.

Текстот Полска и Германија потпишаа одбранбен договор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top