Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец речиси запре по ескалацијата меѓу САД и Иран

Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец речиси запре по ескалацијата меѓу САД и Иран

пред 1 час

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“.

Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 бродови. Пред почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран, на крајот на февруари, низ теснецот дневно минувале повеќе од 100 бродови.

Во меѓувреме, Иран се закани со сеопшта офанзива доколку продолжат американските напади, а Револуционерната гарда соопшти дека операциите ќе продолжат сѐ додека не се воспостави мир во Ормутскиот Теснец и на јужниот брег.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека два нафтени танкери експлодирале и се запалиле додека минувале низ минско поле јужно од Ормутскиот Теснец. Во соопштението не се наведува на која држава ѝ припаѓале пловилата, ниту дали има жртви.

Текстот Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец речиси запре по ескалацијата меѓу САД и Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top