Поради предупредување за бомба, авион на „Рајанер“ принудно слета во Берлин

пред 3 години

По дојава за бомба, авионот на „Рајанер“ кој претходната вечер леташе на релација Даблин-Краков, беше принуден да слета во Берлин, објавија германските медиуми, додавајќи дека по проверката патниците го продолжиле летот.

„Полициската проверка покажа дека нема опасност“, изјави германската полиција додавајќи дека патниците го продолжиле летот кон Полска со друг авион.

Весникот „Билд Цајтунг“ објави дека извештајот за бомбата е лажен.

Авионот со 160 патници слета на аеродромот во Берлин синоќа во 20 часот и 08 минути.

Слична ваква ситуација имаше во јули 2020 година. Авионот на „Рајанер“ на истата линија Даблин-Краков тогаш принудно слета во Лондон откако имаше дојава за бомба, за која подоцна се покажа дека е лажна.

Share
Scroll to Top