Поради предупредување за мина запрен поморскиот сообраќај низ Босфорот

пред 4 години

Надлежните власти го затворија сообраќајот во двата правци за сите пловила низ Босфорот, морскиот теснец што ги поврзува Мраморното со Црното Море и ги разделува европскиот и азискиот дел на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).

Дирекцијата за безбедност на Турција соопшти дека затворањето е од безбедносни причини, по добиено предупредување дека по површината на водата плива објект налик на мина.

Надлежните турски служби интервенираа и стигнаа на теренот за да ја елиминираат потенцијалната закана.

Share
Scroll to Top