Поранешниот индонезиски министер за земјоделство, Сијахрул Јасин Лимпо, денеска беше осуден на десет години затвор по осудувањето за корупција, изнуда и злоупотреба на власта, соопшти судот.
Овој случај го наруши кредибилитетот на претседателот Јоко Видодо во неговата борба против корупцијата, пренесе АП.
Уште пет члена на неговата влада беа осудени на затворски казни за корупција фрлајќи сенка врз напорите на претседателот да ги исчисти редовите на владата пред крајот на неговиот мандат во октомври, соопшти агенцијата.
Текстот Поранешниот министер за земјоделство на Индонезија осуден на 10 години затвор за корупција е превземен од МАКФАКС.