Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од Украина

Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од Украина

пред 2 години

Севернокорејски војник заробен од украинските сили починал од раните, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција.

„Потврдено е, преку сојузничката разузнавачка агенција, дека севернокорејски војник бил фатен жив на 26 декември, но им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на разузнавачката агенција.

Украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник, кој се борел на страната на Русија, соопшти претходно денеска јужнокорејската разузнавачка служба.

Тоа беше првиот познат случај на заробен Севернокореец откако Киев и Западот објавија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија.

 

Текстот Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top